Thursday , September 28 2023
Home / Историјат

Историјат

Лонгуров доо е формирана во јануари 1990 година, со сосема друга концепција за развој, почнувајки како компанија за економски, технички и деловни услуги, како од областа на економскиот консалтинг, книговодствени услуги и услуги од областа на маркетингот. Во предвечерјето на распадот на Југославија, набавен е и првиот персонален сметач од Словенија, кој преставува фундамент и носител на технолошкиот развој на фирмата. Со влезот во информатичката технологија, пратејки ги тогашните современи трендови, после само две години работејки во таа дејност, храбро се одлучуваме на промена на дејноста, од корисници на Информатички услуги, во даватели на истите, усовршувајки го тогашниот кадар во програмирање, и креирајки пакети за сметководство, за тутунска индустрија, ПОС терминали, транспорт и производство. Во овој сегмент с епојавува и потребата од дистрибуција на информатичка опрема и имплементирање на истата во информационите системи кои се развиваат, така да компанијата смело се впушта и во тој сегмент на Информатичката технологија.

Имплементација на мрежи, конфигурација и асемблирање на сметачки системи е наредниот смел чекор, кој долго време е двигател на компанијата.
Сепак тежнеејки во уникатност и единственост во дејноста, дел од компанијата се развива во пионер во една гранка, како сродност во информатилката технологија, сама по себе се наметнува како наредна неиспитана област која треба да се освои, од нас. Тоа е графичката дејност, подготовката за печат и една гранка во која многу се спомнуваат, гранка која е уметност сама за себе, но и во исто време е целосна посветеност и учење, учење и искуство, индустрискиот дизај. Далечната 1996 година како пионери и единствени во компјутерската подготовка во регинот, се впуштаме во дизајн и компјутерска подготовка на Фестивалот Макфест, креирајки го тоталниот дизајн таа година, тоа е наша прва голема работа, со која растеме паралелно секој анаредна година и до ден денес. Не случајно е спомнат Фествалот, кој на Лонгуров му даде и интернационална презентација. Се нижат проекти и коминтенти, сите печатници во градот, регионот, константно ширејки се и тежнеејки на освојување на метрополата Скопје, а не напуштајки го градот под Исарот. Крка фарма Скопје е наредниот голем коминтент, Сорос, Клиника за нефрологија,… ред други реномирани компании…
Сето време наш погон, наша движечка сила за деловен успех е најквалитетна услуга по конкурентна цена. Таа сила сите овие години допринесува да се вброиме во најуспешните и реномирани студија за графички дизајн во земјата.

Квалитетна услуга може да се пружа само од страна на квалитетно обучен и искусен персонал, а тоа е нешто најбитно во градењето на квалитетна компанија. Нашата фирма е составена пред се од млади и креативни луге, целосно посветени на својата едукација, стекнувајки искуство и знаење а истовремено исполувајки ги своите биогтрафии со успешно завршени проекти. Наша шрва и последна мисија сте Вие, нашите клиенти, нашите нарачатели, затоа внимателно пристапуваме во реализација на Вашите желби и проекти, вашите потреби. Нашиот внимателен, пријатен сервис и висококвалитетна услуга се реклама која се пренесува на многу клиенти. Живата реклама е наша најдобра реклама. Горди ке бидеме ако се придружите и Вие !